СЛЕДЕТЕ НЀ

Инфо

Peugeot e-Expert: електрификација на товарниот транспорт

 

Во Peugeot се решени да истраат во намерата сите свои идни модели да ги понудат и во чисто електрични верзии. Тој принцип ќе биде применет и кај линијата на лесни комерцијални возила.

Бензин, дизел или електрика. Може и некоја хибридна комбинација во која силината ќе доаѓа од синергијата на бензинец и електрика.

Ова е правецот по кој се движи логиката на PSA групацијата. Од таа стратегија не се отстапува дури ни кога треба да се транспортира роба.

Peugeot Expert, универзалниот LCV професионалец кој е претставен 2016 година и до сега продаден во преку 195 илјади единици, покрај класичните мотори, од крајот на годината ќе се нуди и со електричен мотор на батерии.

За таа цел класичните мотори му отстапуваат простор на електромотор, а неоходната енергија се црпи од батерии кои се сместуваат во подницата. Без грижи, товарниот простор и носивоста се идентични како и кај класичарите!

Техничките акробации се изводливи благодарејќи на EMP2 (Efficient Modular Platform) платформата која освен што е модуларна таа е и мулти-енеретска, односно може да се прилагоди на сите погонски мотори.

Кај e-Expert говориме за електричен мотор со максимални 100 kW (136 КС) и момент од 260 Nm.

Ако го погледнеме „хардверот“ ќе забележиме дека Peugeot e-Expert се нуди во три должини, максимална носивост до 1.275 kg и со 2 нивоа на автономија која досега до максимални 330 километри и тоа мерено според најновите WLTP процедури.

Електричната енергија се испорачува од батерија која може да има 50 или 75 kWh, а се рабира тој капацитет е во тесна колерација со автономијата.

Помеѓу овие два параметра стои електронскиот менаџмент кој нуди три режими на возење кои се разликуваат според испораката на максималната силина: ECO (60 kW), Normal (80 kW) и Sport (100 kW).

Придобивката од енергетскиот менаџмент се состои во оптимизирано празнење на батеријата во зависност од оптеретеноста на возилото.

Како најважни параметри кај електричните возила на батерии секако се бројот на километри кои можат да се прејдат со едно полнење и времето до повторно ожибување на батеријата. Батеријата од 75 kWh приклучена на брз 100 киловатен полнач, до капацитет од 80%, се полни за 45 минути.

Инаку батериите може да се полнат и во домашни услови, на наизменична струја, но мора да напоменеме дека во тој случај времето на повторна подготвеност на батеријата за акција трае поприлично долго.

Батериите се покриваат со фабричка гаранција од 160 илјади километри или 8 години, по тој период се очекува капацитетот да им опадне за 20% па пожелно е да се менуваат.

И да не го заборавиме главното: Peugeot e-Expert има емисија на издувни гасови еднаква на нула, односно нема никакви ограничување за движење и низ градските центри.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Инфо