СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Pagani Huayra R ќе дебитира на почетокот на 2021 година

 

Pagani веќе заврши со тестирање на Huayra R  кој доаѓа како природна замена за Zonda R. Новиот атмосферскиот V12 е подесен на недефиниран број коњски сили.

Автомобилите наменети за тркачки патеки направени се од некој посебен сој. Штом хипер спортист од калибарот на Huayra додава „R“ во ознаката на моделот тогаш работата силно мириса токму на тркачка патека.

А таму за среќа никој не ја мери потрошувачката на гориво и не става сонди за испитување на издувните гасови.

Кога пред десетина години Huayra ја прикажа Zonda R воопшто не чувствуваше потреба за објавување на максималната силина. Сега замената доаѓа во облик на Huayra R, со исто така недефинирана бројка на ергелата.

Погледот во малиот тркачки ретровизор не навраќа во 1999 година кога на патеките се појави Zonda C12 која имаше V12 мотор со потпис од Mercedes-AMG.

Од тогаш во Zonda се вградуваа атмосферски мотори со волумен кој варираше помеѓу 6.0 и 7,3 литри, и тој пристап траеше се до последното издание на Huayra во која биеше твин-турбо срце од 6.0 литри.

Додека се слушаше моќното рикање на неговите 827 коњи, Pagani реши да развие сопствен V12 атмосферски мотор кој го подесува исклучиво за тркачка патека.

А штом е така максималната силина повторно ќе остане, барем засега, тајна, но во случајов тоа има второстепено значење.

Поважно е дека испитувањата се веќе при крај, па сериското производство закажано за почетокот на јануари е веќе извесно. Дали можеби некој има дилеми како ќе изгледа и какви резултати ќе постигнува Huayra R во бројните GT натпреварувања?

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот