СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Pagani Huayra Codalunga: колекционерски бисер

Посебната едиција настаната врз база на Pagani Huayra Coupé ќе биде произведена во само пет примероци.

Хорацио Пагани воопшто не е заинтересиран за големи бројки.

Оновачот, воедно и главен дизајнер во Pagani Automobili е лубител на ексклузивата.

Најнова креација во низата од брилјантни автомобилски парчиња е Pagani Huayra Codalunga.

Настанат како посебна порачка од неколку колекционери, Huayra Codalunga ќе биде произведен во вкупно 5 (пет) персонализирани примероци.

Веднаш да ги расчистиме техничките дилеми околу екстремно малата производна бројка. Codalunga ги поседува сите сертификати за учество во редовниот сообраќај. И тоа на сите пазари.

Еден од примероците ќе поседува и американска хомологација, што значи дека среќниот сопственик ќе го вози (гаражира) единствениот примерок на континентот. Таа екслузива се плаќа адекватно – цената започнува од 7 милиони евра!

Историја

Желбата на нарачателите на едицијата Codalunga била духовно поврзување со Pagani од шеесетите која се натпреварувала на  славната „24 Le Mans“ серија.

Земајќи го за основа Pagani Huayra Coupé дизајнерската екипа од Pagani Grandi Complicazioni (ребреднирана екипа од поранешната Special Projects) со двегодишен интензивен ангажман успешно ги спојува славното минато со најсовремената технологија.

Продолжувањето на каросеријата им овозможува на конструкторите да постигнат врвна аеродинамика. Употребата на монокок шасија изработена од карбонски влакна e специјалитет на Pagani примарно развиен за болидите на Formula 1.

Резултатот од вградувањето на екстремно цврсти и лесни композитни материјали е импресивен – вкупната тежина е задржана на 1.280 kg.

Технологија

Според убавата традиција Pagani во техничкиот дел соработува со Mercedes AMG. Кај Codalunga говориме за атмосферска егзотика – V12 од 5.980 ccm кој ослободува 840 КС.

Средишно поставениот мотор преку 7-степенска (Pagani by Xtrac) трансмисија своите 1.100 Nm ги предава на задните 21-инчни тркала.

Очекувано, останатите компоненти во чекор ја пратат погонската група. Керамичките сопирачките со шест клипови напред и четири назад, се дело на Brembo, а издувниот систем изработен од титаниум тежи само 4,4 kg.

Пневматиците Pirelli PZero Corsa со димензии 265/30 R20 напред, и 355/25 R21 на задните тркала се грижат за перфектна тракција додека активната суспензија со веќе традиционалните четири крилца ја прилагодуваат аеродинамиката спрема брзината.

Што ја дига цената во стратосфера?

Тешко е да се одговори на тоа прашање. Дали се тоа можеби посебно избраните егзотични материјали, можеби дизајнот, или пак врвната технологија.

Всушност се работи за пакет составен од сите овие елементи, згора на тоа и хипер ексклузива осигурана со производство на само пет примерока.

И можеби најважното Pagani Huayra Codalunga е создадена од визијата и соништата на клинетите. А тие се колекционери со силно изразено чувство за уникатност.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот