СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

OMV ја напушта Словенија

 

Заради и интерно преструктурирање и оптимизација во работењето, австриската нафтена компанија OMV има намера да се повлече од Словенија.

Иако ова директно се поврзува со ланското опаѓање на продажбата и добивката заради пандемијата за триесетина отсто во однос на 2019-та, причината е подлабока – на своите пумпи OMV во Словенија не продава свои деривати.

Оваа компанија е присутна во Словенија од 1992 година, кога ја презеде дистрибутивната мрежа на Istrabenz и INA. Сега располага со 120 бензински пумпи и е втор по големина дистрибутер на нафтени деривати во Словенија, после љубљанскиот Petrol кој ги има околу 300.

Се претпоставува дека потенцијални купувачи на мрежата на OMV би биле унгарскиот Mol или рускиот Lukoil, бидејќи заради антимонополските прописи Petrol не може да ја презеде.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот