СЛЕДЕТЕ НЀ

Инфо

Nissan Juke слави 10 години успех

Со претставувањето на Juke во 2010 година, Nissan ги сруши сите шаблони и сфаќања не само на европските купувачи.

На пазарот дотогаш не постоеше ништо слично и беше голем ризик дали Juke ќе се удави во виорот на промашените идеи или со храбриот и единствен дизајн и спојот на енергичниот и спортски карактер ќе понуди алтернатива.

Не требаше да поминат години за да се сфати дека традиционалната понуда здодеала и купувачите се подготвени да бараат нешто ново, свежо, но и добро да платат за тоа.

Тоа најдобро го илустрира лансирањето на Juke на домашниот јапонски пазар, каде првиот месец за него беа добиени 10.943 нарачки наспроти предвидувањата на Nissan за месечна продажба на 1.300 примероци.

Веднаш стана јасно дека успехот на Juke значително ќе ги надмине почетните очекувања – првата генерација која практично ја инаугурираше субкомпактната класа кросовери се продаде во повеќе од 1,5 милиони примероци.

И покрај бројниот прилив на конкурентите кои побрзаа да лапнат дел од колачот што им го сервираше Juke, остана на пазарот цели девет години, до ланскиот октомври.

Се произведуваше во Велика Британија, Јапонија и Индонезија, а во Кина се продаваше како Infiniti ESQ.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Инфо