СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Nissan гo продава својот удел кој го има во Daimler

 

По се изгледа соработката која ја имаше Renault-Nissan алијансата со Daimler AG ќе заврши со продажба на уделот кој алијансата го има во германскиот гигант.

Поточно, говориме за официјална информација во која се тврди дека Nissan ги продава своите акции што ги поиседува во Daimler AG.

Соработката помеѓу алијансата и германскиот гигант е започната во 2010 година.

Таа се однесува на широк круг активности кои започнуваат од заеднички развој и производство на мотори, преку развојо на мали EV, сé до заеднички производни погони.

Финансискиот дел содржи размена на акции во кој Daimler AG поседува по 3,1% кај двата производители посебно, додека за возврат Renault и Nissan имаат удел по 1,5% во капиталот на Daimler AG.

Во минатото соработката резултираше со отварање на производен погон во Мексико и производство на бензиски и дизел мотори (1,33 и 1,5 литри), што од двете страни беше оценето како прескромно во однос на почетните амбиции.

Најпрвин Renault истрча со идејата за продажба на своите акции, а сега по истите стапки тргна и Nissan.

Ако се земе предвид дека моментално акциите на Daimler AG котираат прилично добро на берзата (над 72 долари), тоа за производителот од Јокохама значи приход од 1,2 милијарди долари.

Тој капитал одлично би им дошол знаејќи дека финансиската состојба на Nissan е прилично нестабилна, а пред се ќе им биде добредојден за лансирање на новиот Nissan Z400.

Кандидати за трошење на тој капитал се и одделите за понатамошен развој на технологија на хибридни возила од програмата e-Power, како и за понатамошен развој на зелените технологии.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот