СЛЕДЕТЕ НЀ

Инфо

Nissan преферира два електромотори за контрола на сите тркала

На CES 2020 кој на почетокот на секоја година традиционално се одржува во Лас Вегас, Nissan се претстави со автомобил на струја кој има по еден електромотор на двете оски и посебна контрола на дистрибуцијата на вртежниот момент за секое тркало.

Nissan Leaf е веќе етаблиран електро-автомобил кој се продава на сите континенти. Класичната конструкција со еден електромотор, поставен напред кој ги придвижува предните тркала, по се изгледа сега добива своја унапредена верзија.

Концептот наречен e-4ORCE силно сугерира на електрика како подвижна сила, додека бројот „4“ на погон кој го добиваат сите четири тркала.

За да не остане само на тоа инженерите вградуваат најсовремена технологија со можност за независна распределба на вртежниот момент на секое тркало посебно.

Тој систем е веќе виден кај врвните (и прескапи) електрични модели како што на пример е хрватскиот Rimac (Римац).

Сега, Nissan ја нуди Torque vectoring технологијата кај многу поскромни по цена модели, каков што е всушност прикажаниот концепт, ARIYA. Најавите говорат дека токму ARIYA, кој во суштина носи SUV обележја, би требало да биде замена за досегашниот Leaf.

„Технологијата за контрола на сите тркала e-4ORCE нуди прецизно ракување и стабилност, што им дава поголема доверба на возачите и уште поголема возбуда од кога било досега“, рече Такао Асами, Потпретседател за истражување и напреден инженеринг на Nissan.

Со поинакви зборови кажано, e-4ORCE технологија ја дистрибуира силината и по основ на оски но и на тркала постевени лево и десно на иста оска.

Бенефитот се чувствува како ултра прецизен контакт со подлогата како при влошени услови, така и при забрзување или сопирање на свиоци.

И само да додадеме дека и двата електромотори функционираат и при регенерација на електричната енергија создадена при сопирање или при искористување на инерцијалните сили.

Искуствата за развој на новата технологија се црпени од Nissan ATTESA E-TS аплициран во супер спортистот, GT-R како и интелигентниот систем 4X4 од теренецот Patrol. Овие сознанија даваат доволна гаранција за темелноста на e-4ORCE која. очекувано, би требало да ги соедини сите добри особини од најдобрите.

Се очекува системот e-4ORCE сериски да биде аплициран во, засега концептнтиот, Nissan ARIYA.

 

Автор: Агрон Сулејман

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Инфо