СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Mitsubishi Eclipse Cross понуден на нашиот пазар

 

Eclipse Cross, новиот модел на Mitsubishi Motors, отсега е достапен и во Македонија. Освен што е нов модел, со атрактивен дизајн, во него се вградени мноштво иновации кои се вистински новини во оваа автомобилска класа.

Mitsubishi прави SUV возила со карактеристики на вистински теренци. Класичниот облик на нивните возила секогаш е пропратен со докажана механика која знае да и пркоси на времето и да излезе како победник од вон асфалнти авантури.

Но со Eclipse Cross нештата како наеднаш да добиваат нов тек. Се разбира дека механичката основа и понатаму е доверлива и проверена, но обликот на SUV искомбиниран со елементи на купе возило, ќе знаат да привлечат многу погледи.

Новиот приод во дизајнирањето очигледно им се допадна на широк круг лубители на SUV автомобили. Тоа го покажуват добиените бројните награди од стручните новинари.

Eclipse Cross кај нас ќе биде понуден со нов бензиски турбо мотор од 1.5 литри кој развива 163 КС, додека дизелот има работен волумен од 2.2 литри и ослободува 150 КС.

Што се однесува до опременоста и опциите, сериски е достапен системот за избегнување или ублажување на удар со предниот дел на возилото. Со овој систем се спречува или намалува штетата ако судирот е неизбежен.

Истиот, преку систем од камера и ласерски радар, реагира на возила и пешаци. На располагање е и уредот за предупредување при напуштање на коловозна лента.

Исто така присутни се и активната контрола во свиоци, ограничувач на брзина, говорни команди, бесконтактен клуч, задна камера и автоматско вклучување на долго светло.

Како опции на располагање се и автоматските менувачи со 8 брзини, системите за предупредување од „мртов агол“, head up екран, греење на управувач, грејач на ветробранско стакло, адаптивна контрола при возење, најсовремени мулти-комуникациски уреди и уште мноштво други уреди.

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг