СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Mercedes CLA има проблеми со избегнување на „северниот елен“ (видео)

 

Новиот Mercedes CLA на тестот на избегнување на „северен елен“ воопшто не задоволи. Дали конструкторите повторно ќе повикуваат на корекции.

При безбедносните тестови на првата А-класа (1997) шведските новинари едвај спасија глава – тестниот примерок заврши на кров.

Така, премиерниот настап на Mercedes-Benz со преден погон неславно започна; фабриката мораше да интервенира со 300 милиони долари за да ја поправи грешката.

По многу произведени возила, повторно предно погонуваната А-класа создава главоболки. Додуша станува збор за лимузинскиот претставник, CLA но сеедно, таа е само варијација на тема, А-класа.

Проблемот го открија шпанските колеги од KM77 на чии тестови Mercedes CLA се покажа во издание со кое не може воопшто да се пофали. Со брзина од 76 км/ч, при тестот избегнување „северен елен“ тој се разлета на сите страни.

Да потсетиме, тестот избегнување „северен елен“ се изведува како симулирање за избегнување пречка при праволиниско движење каде е потребно остро менување на правецот, и потоа повторно враќање на истата линија.

Авторите на тестот вината ја побараа во недоволно доброто „лежење“ предизвикано од неповолниот тежински распоред по оски, како и во неефикасниот ESP систем. На крајот тестот успешно беше совладан но при брзина од прескромни 66 км/ч. Како за утеха, на тестот „слалом“, CLA се покажа во многу подобро светло.

Ќе биде интересно да се споредат вредностите кои ќе ги постигне панданот од BMW со моделот  2 Gran Coupe поради премирно вградениот преден погон.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV