СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Mercedes-Benz EQC 4×4² Concept: Електрика за екстремни терени

 

EQC кој ќе може храбро да загази по потрага по вон-теренски  авантури.

Ознаката 4×4² кај теренскиот EQC математички гледано е малку проблематична. Но, ве молам, кој сега ќе ситничари за ознаката кога самиот изглед на електричниот EQC 4×4² недвосмислено говори за неговиот карактер.

Јурген Еберле, човекот кој е одговорен за развојот на EQC 4×4² објаснува дека тој е настанат на база на EQC 400 4MATIC. Сега работите стануваат појасни.

Целта на батерското електрично возило е да покаже дека алектричниот погон не е создаден само за урбани средини туку дека со него може смело да се загази по секоја подлога. Секако, и авантуристички да се упати по екстремни терени.

Лубовта кон вистинки „офроуд“ доживувања Mercedes ја има докажано. Сега луксузното патување по беспаќата ќе се одвива со електричен погон. Приказната за EQC 4×4², покрај еколошкиот погон, води низ ново решение на ослонувањето кое е наречено „портални оски“.

Каѓано едноставно, тркалата (20 инчни) не се поставени на иста линија со оските туку се спуштени преку тнр портални оски со што се подигнува возилото задржувајќи ја основната мулти линк конфигурација на потпирањето.

Со примена на новото техничко решение EQC 4×4² добива клиренс од 293 mm што е за цели 140 mm повеќе од основниот EQC. Високото држење е повеќе одалечено од тлото дури и од една теренска легенда како што е G-класата која заостанува за 58 mm.

Лубителите на теренските авантури посебно ќе ги ценат нападниот агол на предниот дел од 31,8 степени, и задниот дел од 28 степени. За потполнување на задоволството во EQC 4×4² се присутни и посебните програми на трансмисија кои ќе знаат да се прилагодат кон секаква подлога.

Прилагодувајќи се на новите норми пропишани Европската Комисија според кои електричните возила треба да емитуваат и звуци, Mercedes-Benz го опремува EQC 4×4² со посебен акустички систем.

Тој емитува звучна кулиса во внатрешноста која го надополнува вкупното доживување. Специфика е што системот продуцира звуци и во надворешноста, и тоа преку звучници кои се сместени – во предните светла. Ете така стануваме сведоци на раѓањето на нов патент наречен „lampspeaker

EQC 4×4² е третиот модел на Mercedes кој нуди „4×4 погон на квадрат“ – пред него патот го пробија G 500 4×4² и студијата E 400 All-Terrain 4×4².

Верувам дека тука нема да застанат, напротив, сите капацитетни теренци во иднина ќе ја носат математички непрецизната ознака, 4×4².

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот