СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Mercedes-AMG EQE – Електрична комбинација на деловна и спортска лимузина [2*видео]

 

Mercedes отсекогаш знаел како на своите големи лимузини да им вдахне доза на спортска душа.

Сега, со залетот на AMG и со помош на електрификацијата, сето тоа се искачува на едно ново ниво на динамични перформанси и комфорни патувања.

Така, лани претставениот EQE ќе ги привлекува купувачите со двете нови верзии што Mercedes ги подготви.

Ги носат нумеричките ознаки 43 и 53, кои треба да ни кажат дека имаат по два електромотора со вкупно 476 односно 626 коњски сили.

Плус тоа, помоќниот AMG EQE со опционалниот Dynamic Plus пакет ќе зајакне на 687 коњи кои ќе го забрзаат до 100 km/h за 3,3 секунди.

Со едно полнење на батериите од 90,6 kWh може да се поминат меѓу 444 и 533 km, а на брз полнач за 15 минути тие ќе се дополнат за уште 180 km пат.

Mercedes-AMG EQE верзиите доаѓаат и со воздушно ослонување, управување на задните тркала и специјални пневматици за електрични возила.

Однадвор се скоро исти со стандардните изведби, а внатре ги красат црвените контрастни шевови и спортски седишта, управувач и педали.

Колку ќе треба да се плати, не е познато.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV