СЛЕДЕТЕ НЀ

Инфо

McLaren Sabre – нов суперавтомобил само за САД

 

Одделението за специјални операции на McLaren креираше нов суперавтомобил наменет само за Соединетите Американски Држави.

Наречен Sabre, овој најбрз двосед на McLaren направен било кога располага со твин-турбо V8 мотор со 824 KS кој ќе го лансира до 351 km/h.

Возбудата од оваа брзина ќе можат да ја почувствуваат само 15 селектирани купувачи од онаа страна на Атлантикот, бидејќи Sabre ексклузивно е наменет само за таму.

Причината е, како велат, користењето на идеи и иновации кои глобалните хомологациски правила не би ги дозволиле.

Компанијата остана таинствена за многу од спецификациите на Sabre, но на фотографиите јасно се забележуваат испакнатиот нос, проминентниот преден сплитер, вентилираната хауба, тенките светла и уникатните крила.


Погледот кон силуетата открива тркачки витко тело со аеродинамични прагови, дводелни странични стакла и врати на подигнување.

Задниот дел пак остава без здив со покривот кој долго се спушта, масивниот спојлер и дифузорот кој не остава место за сомнеж во перформансите.

Внатрешноста остана скоро целата скриена – се гледа само двобојната алкантара шема на спортските седишта и делови од карбонската шасија.

Сите други прашања за McLaren Sabre остануваат неодговорени.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Инфо