СЛЕДЕТЕ НЀ

Видео

Lamborghini Countach во ново издание [видео]

 

Повозрасните знаат – постерот на Lamborghini Countach се среќаваше на ѕидот на собата на секое момче.

Сега во ова дигитално време тоа нема да се повтори, но сигурни сме дека и новото издание на овој легендарен италијански тркач ќе предизвика исто вриење на крвта.

Создаден е на основа на најдоброто од Lamborghini – ултимативниот Sian, кој пак е втемелен на Aventador заради што таквата основа не може никого да разочара.

Спојот на врвната технологија и легендарниот дизајн на Countach чиј прв прототип беше покажан пред точно 50 години ќе го вкусат само 112 купувачи, во колку примероци ќе биде направен.

На сите други ќе им преостанува само да закачат постер во своите соби.

Истите ќе можат да се насладуваат на линиите на модерниот хиперспортист со силен ретропристап и детали произлезени од перото на славниот и ненадминат Марчело Гандини.

Тие доволно верно ќе доловат што може неговиот 780-коњски V12 мотор засилен со 34 електрични коњски сили.

Пренесени преку седумстепениот менувач и претворени во секунди бројките се прилично впечатливи – 2,8 до 100 и 8,6 до 200 km/h, додека максималната брзина е поставена на вискоите 355 километри на час.

Првите купувачи ќе ги добијат своите примероци напролет кога ќе стартуваат испораките, по цена која за нас обичните луѓе, имале постер од Countach на ѕидот или не, сеедно, не е позната.

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео