СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Lada Niva Travel: Нов изглед, ново име

 

Во Тољати, Русија, започна производството на обновената Lada Niva, која сега дополнително е доозначена како Niva Travel.

Да нема забуна, не се работи за моделот кој ние го знаеме како Lada Niva а всушност официјално се вика Lada 4×4 од 2003 година наваму.

Тогаш General Motors со кој AvtoVAZ основаше заедничка компанија ги презеде правата на името Niva и овој теренец го продаваше како Chevrolet Niva (на фотографијата долу).

Лани Русите го откупија делот на Американците во заедничката компанија, а годинава го ребрендираа овој модел во Lada Niva, кој се продава паралелно со оригиналната Niva, означена како Lada 4×4.

Токму за да се стави малку ред во збунувачките ознаки, рускиот производител дополнително го доозначи овој модел како Lada Niva Travel.

На овие единствени официјално објавени фотографии се дека Niva сега има комплетно изменет преден дел со голема маска, поинаква хауба и нови светла и браник.

Измените назад не се толку драматични и главно се вртат околу дотераните светла кои сега се со LED технологија и променетиот браник, а ќе биде модернизирана и внатрешноста.

За механиката ништо не се знае, но скоро сигурно во понуда ќе биде сегашниот 1,7 литарски бензинец со 80 KS и 5-степен мануелен менувач. Погонот на сите четири тркала се подразбира.

Lada Niva Travel официјално ќе биде претставена наредниот месец, а се очекува да се најде во продажба напролет.  Извоз во Европа не треба да се очекува.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот