СЛЕДЕТЕ НЀ

Актуелен Миг

Kia XCeed дебитира на нашиот пазар

Семејството Ceed се прошири со XCeed, стилски кросовер изграден врз капацитетната платформа на донаторот. Возбудливиот автомобил се нуди со почетна цена од 18.550 евра.

Во пријатна атмосфера, многу лубители на брендот со нетрпение го очекуваа моментот на откривање на двата примерока од новиот член на семејството Ceed.

До сега ги познававме класичниот хечбек, караванската верзија, спортскиот ProCeed за да на крајот семејството се заокружи со стилскиот кросовер, XCeed.

Прашањето каде ќе биде сместен односно како ќе биде позициониран новиот член на семејството, набрзо беше одговорено. Точно помеѓу суб-компактото Stonic и веќе неприкосновениот SUV од компактната класа, Sportage.

Во свечената атмосфера пропратена со многу лубопитни погледи, малкумина обрнаа внимание на „техникалиите“ со кои настапува Xceed.

Пред се тука мислиме на должината од 440 cm која е само за 5 cm помала од Sportage но и на височината од 1.483-1.495 mm (зависи од големината на бандажите) која е поблизу до хечбек верзијата.

Домашниот увозник се одлучи на купувачите да им понуди два бензиски (120 и 140 КС) и еден дизел мотор (136 КС) кои можат да бидат комбинирани со мануелци со 6 брзини и 7-степенска автоматика. За високите естетски критериуми и изобилието од сериска и додатна опрема ќе проговориме многу бргу, откако ставиме на тест еден од конкретните модели.

Почетната цена по која се нуди Xceed изнесува 18.550 евра, цена за која се добива возило со тежина од 1.332 kg кое забрзува за 10.9 секунди и постигнува максимални 184 км/ч. Останатите две моторни варијанти тоа го можат уште подобро. Како максимална понуда (24.950 евра) стои дизелот со 136 КС и повисоко ниво на опрема. Примамливо, нели?

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг