СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Kia Sportage, моделска година 2019

 

Обновениот Kia Sportage, најпопуларниот SUV на македонскиот пазар, веќе се наоѓа во салоните на нашиот увозник. Во моделската 2019 година тој доаѓа со децентни естетски дотерувања, Euro 6d TEMP мотори и нови технолошки содржини.

Киа Моторс Македонија, промптно реагираше и успеа прв на балканските простори да ја понуди апдејтираната верзија на Kia Sportage.

Во нашите салони веќе се пристигнати првите примероци на најсвежото, јулско производство на најомилиениот SUV на македонските купувачи.

Првата средба со Kia Sportage, SUV-от кој го носи печат на моделска година 2019, делува како средба со добро познат пријател, кој одреден период поминал во посета на најсовремени естетски клиники.

Хромираните лајсни ги има под предната решетка на ладилникот, на праговите, на задниот дел. Во очи паѓаат и променетата положба на предната (долна) светлосна група како и спојлерот додека во задниот дел доминира долниот ребрест дифузор и наново обликуваната светлосна група.

Тие естетски дотерувања заедно со исполнувањето на Euro 6d TEMP еколошките стандарди се заеднички за бензиските и дизелските агрегати како и за трите нивоа на опрема.

Од таа точка па понатаму приказната добива димензија на персонализирање. Најбогатиот пакет на опрема, однадвор ќе се препознава по новите алуминиумски бандажи од 19 цола на кои се монтирани нископрофилни Continental пневмативци, потоа по хромираните лајсни, задните LED светла, …

Во препознатливата внатрешност ќе ве пречека нов мултимедијален систем  со 8 инчен екран и JBL аудио систем, потоа електрична рачна сопирачка, греење на седиштата, и уште цела низа безбедносни системи.

Помеѓу останатото, вградениот радар заедно со камерите го снимаат патот и овозможуваат останување на коловозната лента, опоменуваат за промена на правец без активирање на трепкач, одржуваат безбедносно растојание со возилото пред него, и што е многу важно автономно сопираат во случај на опасност.

Сигурни сме дека со нетрпение ја очекувате цената за извршените есетско-содржински промени. Во просек таа се движи за околу илјада евра повеќе од тоа што КММ го бараше за досегашниот модел. Без дискусија, фер и коректна понуда!

Индивидуалната е проценката, а уште повеќе можностите на секој купувач, но сметаме дека оваа понуда во моментот е сеуште недостижна за конкурентите. Настрана квалитетот, содржината и гаранциите кои ги нуди најстариот корејски производител.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг