СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Kia Rio надграден со технологии од повисоките класи

 

Четвртата генерација на Рио е естетски дотерана и облагородена со технологии кои досега се сретнуваа само во повисоките класи.

Во салонот на Киа Моторс Македонија ќе ве дочека значајно надградена, четвртата генерација на Kia Rio. Промените се направени со цел повторно зајакнување на позицијата на автомобилот во рамките на Б-сегмент каде што владее огромна конкуренција.

Rio ќе биде понуден во три нови нивоа на опреми кои ќе се комбинираат со два агрегати. Првото ниво е Base, па следуваат изведбите Reference 1 и 2.

Нивото Base се комбинира исклучиво со новиот 1,2 литарски бензински мотор со петстепен мануелен менувач и 84 коњски сили, додека во следните нивоа е вклучен и 1,0 литарскиот бензински погон со 100 коњи.

Тој може да се комбинира со шестстепен мануелен или седумстепен автоматски менувач. Дополнителна новина околу погоните е и милд-хибридот во кој се вградува 1,0 литарски мотор но сега со моќност од 120 КС.

Нивото Base во себе вклучува опрема како, ESC систем за контрола на стабилизација на возилото со вклучени EBD-ABS контрола на силата на сопирање и спречување на блокирање на тркалата при ненадејно сопирање.

Потоа тука се присутни и TPMS контрола на притисок во пневматици, мануелен клима уред, аудио систем со USB конекција и 4 звучника, аудио команди на управувач и Bluetooth конекција за поврзување со телефон + Audio Streaming.

Потоа следи пакетот на опрема Reference 1 кој има сé од пониското ниво и дополнително FCA систем за избегнување фронтален удар со препознавање на пешаци, темпомат, ограничувач на брзина, аудио систем со 8-инчен дисплеј чувствителен на допир со поддршка за Android Auto и Apple Car Play, предни LED дневни светла, како и предни и задни сензори за помош при паркирање.

Најопремената изведба е Reference 2, а во неа се вклучени автоматска контрола на светлата, сензор за дожд, внатрешен ретровизор со електронско затемнување, автоматски клима уред, стартување на моторот со копче, предни и задни LED светла.

Емилио Херера, главениот оперативен директор на Kia Motors Europe, при презентацијата на обновениот Rio посочи: „Rio е важен автомобил за Kia во Evropa и ширум светот бидејќи е прв Kia автомобил наменет за широк круг возачи.

Обновениот модел се базира на клучните предности на автомобилот – практичност, квалитет и технологија со напредни карактеристики на безбедност и телематика, кои честопати се наоѓаат во автомобилите од повисоките сегменти. Убедени сме дека овие надградби ќе го направат Rio поуспешен од кога било“.

Повеќе за новиот Kia Rio може да погледнете на официјалната веб-страна или во салоните на Киа Моторс Македонија.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг