СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Kia Motors Macedonia го промовираше својот виртуелен салон

 

Во виртуелниот салон посетителите ќе можат да се запознаат со актуелната понуда на Kia – Rio, Stonic, Ceed, XCeed, ProCeed и Sportage.

Светот одамна го применува системот на продажба од виртуелни салони. Едоставно го отварате сајтот на локалниот дилер, бирате модел, го конфигурирате и на крајот ја добивате понудата. Сето тоа од комфорот на сопствениот дом, од работното место или пак од било која друга локација.

Ситуацијата со пандемијата која ја зафати и нашата држава делуваше како катализатор, па одговорните од домашниот увозник, Kia Motors Macedonia решија да го прифатат предизвикот и да изготват апликација со виртуелен салон.

Со едноставна посета на нивната веб-страна и со бирање на преферираниот модел, вие ќе можете детално да го прегледате во одлично изготвен видео прилог. Понатаму процедурата е едноствна.

Во виртуелниот салон, инаку прв од овој вид на нашиве простори, ќе може одблизу да се запознаете со актуелната понуда на Kia составена од моделите: Rio, Stonic, Ceed, XCeed, ProCeed и Sportage. Секако, сите модели се снимени во реален амбиент, што значи дека веднаш се достапни на клиентите.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг