СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Kia EV9: Корејскиот знаменосец вози на струја

 

Врвниот петметарски седмосед може да го опслужуваат две различни по капацитет батерии, да го движат еден или два е-мотори, а за поминување на 239 km доволни му се 15 минути.

Според најавите, се до крајот на законскиот рок, корејците во Европа ќе нудат возила со ICE мотори.

Тоа воопшто не значи дека ќе бидат запоставени електричните возила. Напротив.

Вистината е дека тие се поподготвени за примена на новите технологии од останатите традиционалисти.

Појавата на EV9 јасно го демострира совладаното технолошкко ниво на Kia. Исто како и правецот по кој ќе се движи развојот.

 

Маркантна појава

Новиот знаменосец е со должина од преку пет метри (5.010 mm) и е поставен на нова Electric Global Modular Platform (E-GMP) платформа, со распон на оските од 3.100 mm.

Кога на тие димезнии ќе се поставеви EV кое е ослободено од класичните механички компоненти работите се сосема јасни.

Во расположливиот корисен простор може да се сместат три реда седишта, и тоа без одземање од багажникот ниту милиметар.

Според потребите и намената, поставеноста на седиштата овозможува комотно сместување на шест (2+2+2) или пак на седум (2+3+2) патници.

Убавината на таа варијација се крие во фактот што во првиот случај вториот ред седишта може да ротира за 1800 со што се добива пријатен салон за престој.

 

Нова генерација батерии

Освен за терање бизнис муабети тој може да послужи и за одмор на патниците за време на 15-те минути додека се полни батеријата за следна тура од 240 km.

Батериите од третата развојна генерација го овозможуваат тој луксуз, полнејќи се со напон од 800 волти. Во помалиот сет може да се „сипат“ 76,1 kWh додека во покапацитетниот комплет може да сместат 99,8 kWh.

Со помалата батерија се движат само задните тркала, додека поголемата овозможува вретење на моторот сместен позади или пак на двата мотора кои се грижат за остварување на интегрален погон.

Варијацијата со поголемата батерија и само еден е-мотор од 150 kW (204 КС) со едно полнење може помине 541 km. И тоа со темпо кое е диктирано од забрзувањето кое трае само 9,4 секунди.

Со впреганти два е-мотори тоа забрзување се крати до 6,0 секунди, но освен прикажување мускули друга улога на спортки перформанси во петметарско семејно-бизнис возило, баш и не гледаме.

Но кога е веќе така, вградувањето на комплетен безбедносен пакет е нешто сосема очекувано. За остварување на таа улога ангажирани се петнаесетина различни сензори, потоа инфрацрвени камери и два LIDAR системи.

Систематизирани во една целина, освен врвна безбедносна асистенција, тие овозможуваат и автономно возење од нивото „Level 3

Покрај врвната аеродинамика (коефицинет на отпор од 0,28), мора да признаеме дека тој момент воопшто не влијаел на маркантниот надворешен изглед.

Проектиран според начелото „Opposites United“ – што и да подразбираат дизајнерите под тој филозофски пристап, многумина ќе им дадат за право.

Kia EV9, во најмала рака изгледа оригинално и авангардно, а како таков на корејскиот пазар ќе се појави во втората половина од годината.

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот