СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Kia Carens ја менува класата

 

Не е повеќе моноволуменец – Kia го најави новиот Carens ќе има изглед на SUV-модел.

Најпрво во Индија а потоа и во остатокот од светот, новиот Kia Carens ќе ги освојува купувачите со својот сосема променет изглед.

Во официјалната најава за неговата презентација која ќе се одржи наредната недела, Kia го опишува како рекреациско возило.

Слична трансформација лани преживеа и новиот Carnival кој со имплементирањето на Opposites United дизајнерскиот јазик тешко дека може да се нарече моноволуменец.

Според скиците, и Carens со впечатливите големи светла напред и назад и линиите на силуетата изгледа како кросовер.

Тоа е нагласено со кровните носачи и пластичните заштити на каросеријата, додека рамната линија на покривот користи за поголем простор за главите.

Тоа е посебно потребно бидејќи , иако на скицата од внатрешноста не се забележува, се зборува дека ќе биде понуден со три реда седишта.

Она што се забележува е дигиталниот кокпит кој се протега по целата широчина и засебните контроли за климатизацијата.

Нема најави за моторизацијата, иако може да се претпостави дека ќе бидат користени 1,5 литарски бензински и дизел мотори од другите модели на Kia во Индија.

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот