СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Kia ги објави првите службени фотографии на Sportage

 

Петтата генерација на Sportage прави сериозен дизајнерски исчекор во однос на претходникот широко отварајќи ги портите на иднината.

Веќе неколку месеци наназад Kia ја дозира јавноста со елементи од дизајнот, па дури и со интегрални тизери од обликот на новата, петта генерација на Sportage.

Знаејќи ја досегашната затвореност во однос на информациите за било кој нов модел, јасно е дека Kia прави преседан при претставувањето на својот глобално успешен SUV.

По првите импресии добиени од службените материјали, станува јасно и зошто е тоа така. Целосно новиот идентитет кој извира од секој употребен елемент е во потполна хармонија со нова димензија на квалитетот.

Објавена на почетокот на оваа година, новата дизајнерска филозофија на Kia – Opposites United (Обединети спротивности) – се наоѓа во средиштето на целосно новиот Sportage, влијаејќи на секој аспект од неговиот изглед и карактер.

Принципите на оваа филозофија ќе влијаат на сите идни дизајни на брендот, со што се очекува зајакнување на врската помеѓу дизајнот и новотот мото, „Движење кое инспирира“.

Шефот на младата дизајнерска екипа, Карим Хабиб коментира: „Новиот Sportage им даде огромна можност на нашите талентирани дизајнерски тимови да направат нешто ново.

Основата на инспирацијата е од неодамнешното ребрендирање на брендот, кое има за цел да ги инспирира клиентите преку модерен и иновативен дизајн. Со целосно новиот Sportage, ние не сакавме едноставно да направиме чекор напред, туку да преминеме на друго ниво во класата“.

Новиот Sportage ќе се најде во продажба кон крајот на оваа година. За прв пат во 28-годишната историја, ќе има и посветена европска верзија, па во догледно време ќе бидат достапни повеќе информации за комплетно новиот Sportage.

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот