СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Jeep Grand Cherokee 4xe PHEV: Досега најсилниот „Гранд Чироки“ е плагин хибрид [видео]

 

Grand Cherokee е четвртиот модел на Jeep опремен со хибридна plag-in технологија која се препознава според ознаката 4xe.

Објаснувањето на улогата и имиџот, кој преку осум децении го ужива Jeep помеѓу лубителите на 4×4 погонот, е излишно.

Доволно е да се каже дека цела една класа популарно е наречена според американскиот производител.

Следејќи ги современите текови, Jeep постепено ја опремува својата гама со специфична хибридна технологија притоа задржувајќи ги во целост теренските способности. А тие сеуште претставуваат репер во SUV класата на возила кои имаат и големи теренски амбици.

По Renegade, Wrangler и Compass сега и Grand Cherokee ќе ја носи наставката, 4xe. Зад наставката се крие plag-in технологија која комбинира бензиски мотор со двојна турбина (потекнува од групацијата Stellantis) и запремина од два литра, со електрична секција составена од два електромотора.

Едниот електромотор (мотор-генератор) е поставен помеѓу моторот и менувачот (8-степенски) и со нив е поврзан преку две спојки. Задната оска се движи со помош на вториот електромор.

Прелевањето на вртежниот момент е доверено на контролната електроника која в зависност од оптеретувањето ја пренесува силината на таа осдка каде што е најпотребна.

Во иста служба се ставени и три мода кои се избираат спрема очекуваните патни услови. Прашањето која енергија или во каков однос ќе биде употребена е одлука на системите, на возачот само му преостанува да го одбере нивото на возбудата.

Таа сериска погонска врска овозможува исклучување на класичниот мотор и тивко движење трошејќи само електрична енергија. Капацитетот на батериите од солидни 17,3 kWh (употребливи се 17 kWh) се очекува во комбиниран циклус да обезбедат автономија од 40 километри.

Електричниот склоп кој е изграден околу 400-волтна архитектура е „херметички“ затворен, па затоа и гаранцијата дека може да премине преку вода со длабочина од 61 cm.

Двата електромотори заедно со бензискиот колега обезбедуваат системска силина од 380 КС и вртежен момент од респектабилни 637 Nm. Тоа е далеку над можностите на класичниот V6 Pentastar од 293 КС и 349 Nm.

За динамичките капацитети и теренската продоност на хибридниот Grand Cherokee е одвишно да се говори. Исто како и за високото ниво на вградената опрема која е одамна стандард во „големото племе“.

Главен момент е што напредокот е обезбеден преку еколошки решенија кои ги исполнуваат сите поставени норми против загадувањето. До 2025 година, Jeep ќе има по еден хибриден претставник од секој модел – тоа го тврди лично шефот на Jeep. Christian Meunier.

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот