СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Italdesign Voyah i-Land Concept: Кинез во Италијанска кожа

 

На 2020 Beijing Auto Show беше прикажан концептен автомобил кој за потребите на Кинескиот гигант Dongfeng го изработија Италијанските мајстори од Italdesign.

Целиот проект i-Land силно мириса на Италијанската прославена кујна која децении наназад произведува Gran Turismo автомобили.

Импресивниот концепт е изработен за Voyah кој е нов, електричен суб-бренд на концернот Dongfeng.

Кинескиот автомобилски гигант во Европа своето присуство го остварува преку PSA-групацијата, каде заедно со Француската влада и семејството Peugeot се главни сопственици – сите поседуваат по 13.68% од акциите!

Овој податок е доволен показател за глобалните амбиции на Voyah.

Би било погрешно проектот i-Land да се сфати само како дизајнерска студија. Тоа е предпродукциски автомобил кој јасно го покажува патот по кој во блиска иднина ќе се движат кинеските GT автомобили. Елеганцијата и луксузот се првите импресии од креацијата на Italdesign.

Светлечкиот симбол на брендот во облик на буквата “V” е исто така дело нацртано на работните табли во Италија.

Тој ја наговестува елегантната силуета која предвидува по една странична врата која се отвара вертикално. Низ неа се влегува во амбиент кој јасно го отсликува технолошкиот момент кој го живееме. Три големи екрани надолжно ја покриваат предната арматура пружајки ги така сите потребни информации.

Долгата внатрешност е искористена за сместување на три(!) патници – возачот и два патника на задната клупа. Совозачкото место може да се претвори во корисна масичка или да послужи како наслон за нозе.

Вистинска штета – ускратена е можноста на еден патник да ужива во целосна дигитализирана, а приота и прилично лускузно осмислена, средина.

Проектот Voyah i-Land ја добива својата реална димензија кога ќе се погледне платформата врз која е поставена.

ESSA (Electric, Smart & Secure Architecture) е новоразвиена платформа која во иднина ќе ја користи Dongfeng во серија нови електрични возила. Во (за сега) концептот i-Land таа ќе може да опслужува серија витални функции помеѓу кои секако е вклучена и можноста за автономно управување.

Дали набргу Voyah i-Land ќе го видиме во серија? Па зар некој мисли дека прагматичните Кинези би ангажирале така реномирана (читај: скапа) дизајнерска куќа без да имаат јасни планови за сериски настап!

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот