СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Hyundai знае да управува и со задните тркала

 

Веќе е подготвена сериската изведба на иновативното управување на сите четири тркала кое ќе може да го користат и останатите производители.

Групацијата Hyundai воопшто не се интересира за светската криза предизвикана од пандемијата. Тие непрекинато работат на развивање на електричните возила, на технологијата на горивни ќелии (водород), а активни се и во роботиката.

Идејата воопшто не е нова, управувањето со сите тркала овозможува неспоредливи предности при маневрирање, стабилност при поголеми брзини, но и проодност по екстремни беспаќа.

Уште во 2018 година на Consumer Electronics Show, дивизијата Mobis на Hyundai прикажа концепт кој со применетите решенија нуди низа предности во однос на досега применетата технологија.

Во принцип говориме за електричен склоп кој реагира на командите на управувачот а во зависност од брзината може да ги врти тркалата во исти правец или спротивно од предните тркала.

Системот е наречен e-Corner Module и овозможува максимална редукција на механичките компоненти кои ги поврзуваат управувачот и тркалата. Со тоа се ослободува додатен простор кој може да биде искористен за зголемување на ентериерот.

Не помалку важно е што e-Corner Module може да биде употребен независно од големината на платформата односно во различни класи возила.

Во моментот слични производи – воглавно кај SUV возилата – нудат Toyota и GMC, а во напредна фаза на испитување се уште и Tesla, Chevrolet, Rivian.

Притоа невообичаен момент претставува одлуката на менаџментот, штом се завршат финалните испитувања и производот влезе во сериска продукција, патентот да им го отстапи и на останатите производители.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот