СЛЕДЕТЕ НЀ

Интересно

Hyundai има уште еден футуристички управувач

 

Овојпат тој е развиен од страна на компанијата Hyundai Mobis и се преклопува.

Сешто ќе видиме во потрага по вистинските решенија за мобилноста, како што на пример тоа беше управувачот на Hyundai со екран на средина.

И овојпат во главната инженерска улога е корејската компанија, поточно неговата придружна филијала Hyundai Mobis, која исто има развиено футуристички управувач.

Нивното решение е наменето за автономните возила и предвидува управувачот да се склопува кога нема да се користи од страна на возачот.

Развојот на ова решение траеше отприлика две години, што и не е многу ако се знае дека се работи за потполно нова технологија која никогаш досега не е видена.

Нејзините предности се јасни – кога возилото само ќе се движи на возачот му се ослободува повеќе простор, а кога ќе треба, тој лесно ќе презеде контрола над возилото.

Предвидено е овој склоплив систем за управување на Hyundai Mobis да се поместува за цели 25 сантиметри напред или назад.

За негова имплементација беа потребни сосема нови компоненти, за кои Корејците засега молчат, барем додека не го патентираат своето дело.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Интересно