СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Honda Jazz: Трето, па хибридно уште од старт

На престојниот Tokio Motor Show, Honda службено ќе го претстави четвртото поколение на Jazz (Fit) кој сериски ќе се испорачува со два мотора, односно сите верзиии ќе бидат хибридни.

До 2022 година сите модели на Honda наменети за европскиот пазар ќе бидат електрифицирани.

Тоа значи дека ќе поседуваат по два хибридни мотори односно по еден бензинец и по еден електромотор.

Честа да ја предводи новата генерација му припаѓа на Jazz, моделот кој Honda го сместува во “Б“ сегментот.

Таму од есенва започнува беспоштедна битка на докажаните европски лубимци: Clio, 208 (II) и Corsa.

Во таа битка Honda влегува со препознатливиот моноволуменски облик, извонредниот квалитет на изработка, и сега, со нова технолошка поставка.

Jazz  е првиот од низата коj ќе го носи беџот “e:HEV” и истивремено ќе ја означи ерата на понуда на возила кои се подготвуваат кон премин на модели со нулто загадување.

За прв пат Jazz (вон европскиот пазар се продава како Fit) освен основната верзија, истовремено се претставува и како Crosstar изведба.

Таа се разликува според зголемената височина, поробусна предница, заштита на праговите, вградените кровни носачи и седишта изработени од водоотпорен материјал.

Заедничката механичка основа останува да ги спојува двата модела правејќи само мали разлики во карактерот.

Моментот со вградените конективни и мултимедијални уреди подробно не би го опишувале затоа што тој станува веќе стандарден кај сите нови модели, па дури и кај помалите производители.

Honda Jazz на европските пазари ќе пристигне кон средината на идната година, со барем засега сеуште непознати цени.

Да, сеуште не се објавуваат и техничките податоци, но во најмала рака тие треба да бидат конкуренти, а познавајќи го пристапот на Honda, можеме да очекуваме и поставување на нови стандарди во класата.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот