СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Honda e.Ny1: Електрика за европскиот пазар

 

Honda за европскиот пазар го подготви вториот целосно електричен автомобил, e.Ny1 кој според консктрукција е SUV од Б-сегментот.

Офенбах беше локацијата која Honda ја избра за претставување на своето второ целосно електрично возило, e:Ny1.

Воедно тоа е второто EV на марката што пристигнува во Европа, придружувајќи се така на популарниот градски автомобил Honda e.

Дизајниран е да ја задоволи растечката побарувачка на клиентите за целосно електрични SUV возила од Б-сегментот. Honda останува доследна на себе нудејќи свеж, препознатлив облик и најнова напредна технологија.

E:Ny1 дебитира со целосно нов електричен идентитет за Honda, со бели ознаки на „H“ што се прикажуваат околу возилото, Дополнително, новиот фонт на кој е испишано „Honda“ се грижи за премиум изгледот, а ќе се појавува на сите идни EV на марката.

Рационалниот распоред на компонентите на електричниот погон гарантира дека Honda e:Ny1 ќе нуди извонредно организиран внатрешен простор.

e:Ny1 е изграден на новоразвиената e:N Architecture F на Honda, платформа со мотор сместен во предниот дел.

Платформата вклучува лесен систем три-во-едно кој ги интегрира погонската единица со високи перформанси, електричниот мотор и преносниот механизам. Системот генерира максимална моќност од 150 kW (204 КС) и е дизајниран да обезбеди непречени и удобни динамички својства.

На подницата е сместена литиум-јонска батерија со висок капацитет што испорачува домет до 412 km (WLTP) и можност за брзо полнење (DC полнач) кое од 10 до 80% се полни за само 45 минути.

„E:Ny1 е логичниот следен чекор на нашето електрифицирано патување Европа“, рече Том Гарднер, потпретседател во Honda Motor Europe Ltd. „Нашата развојна филозофија комбинира интелигентна, клиент-фокусирана технологија со прекрасен дизајн и забававно но и динамчно возење.

Овој најнов теренец е пример за посветеноста на Honda за електрификација и е најновиот чекор на патувањето на Honda во електрификацијата“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама

Интересно

Повеќе од EV