СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Honda Civic – прв поглед

 

Во Honda веќе ја имаат подготвено новата генерација на Civic, која ќе биде претставена на 28 април.

Во очекување на премиерата, Honda ни ја сервираше оваа единствена фотографија, придружена со пар информации за новиот модел.

Како ќе изгледа 11-тата генерација на Civic веќе знаеме, бидејќи по правило Honda останува верна на дизајнот на моделите прикажани како прототипи, што со седанот беше сторено уште во ноември (кликнете тука за повеќе).

Официјално, повод за објавувањето на веста за новиот Civic се подготовките за почетокот на неговото производство, кое за седан изведбата ќе се одвива во Канада.

Неколку месеци подоцна Civic ќе биде претставен и во хечбек изведба, која за прв пат во историјата на Honda за тамошниот пазар ќе се произведува и во САД, во фабриката во Индијана.

За другите информации, ќе почекаме уште две недели.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV