СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Honda достигна 4-то ниво на автономија

 

На светскиот конгрес ITS 2021 кој се одржа во Хамбург, Honda ја претстави својата технологија за автономните автомобили.

Изненадување беше што нивните четири тестни возила со автоматизиран погон веќе поминале 25.900 километри по германските патишта.

Автономната технологија на Honda настана како дел од проектот L3Pilot кој го покрена ЕУ со заеднички напори на 34 партнери од 12 земји.

Негова цел е да се проценат одржливоста на функционирањето на самовозечките возила од ниво 3 и 4 во реални услови на патиштата.

Во склоп на него Honda како поддршка на истражувачката програма обезбеди четири тестни возила од моделот Legend, кој веќе не се продава на европскиот пазар.

Ослонувајќи се на својата експертиза во овие технологии, Honda се концентрираше на две сценарија – возачот во сообраќајниот метеж и на автопат.

И двете функции тестирани на германските патишта предвидуваат напредните технологии да ја превземат потполната контрола над автомобилот ако утврдат дека тоа е безбедно.

Собраните податоци за понатамошни анализи се споделени со останатите учесници во проектот L3Pilot, кој патем кажано е започнат во 2017 година.

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот