СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Haval Chitu – „Црвениот зајак“ од Кина

 

Кинескиот Haval претстави уште еден SUV кој го нарече Chitu, или во превод Црвен зајак.

Дизајнот му го одразува новиот стил на кинеската марка со зголемена маска со масивни вертикални лајсни, тесни светла, светла за магла интегрирани браникот и задни светла кои странично навлегуваат во задните крила над тркалата.

Haval Chitu е долг 4.450 mm, широк 1.841, висок 1.625 mm и има меѓуоскино растојание од 2.700 mm.

Моторната понуда се состои од 1,5 литарски турбо бензинец со 150 или 184 КС, кој може да се спари со шестстепен мануелен или седумстепен менувач со две спојки, без можност за погон на сите тркала.

Подоцна треба да стигне и хибридна верзија на 1,5 литарски атмосферски мотор со 190 KS.

Во опремата меѓу другото ќе се најдат и мултимедиски систем со екран од 12,3 инчи, дигитална инструмент табла, електрично подесувани предни седишта, помош при паркирање, панорамски покрив …

Продажбата ќе му започне наредниот месец, а цените засега не се соопштени. Не се знае ниту за евентуална негова меѓународна кариера.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот