СЛЕДЕТЕ НЀ

EV

Geometry EX3 – електричен SUV за само 7.900 евра

 

Марката Geometry која Geely ја лансираше во 2019 година претстави електричен SUV со неверојатно ниска цена.

Моделот наречен EX3 кој спаѓа во Б-класата веќе е во претпродажба, и тоа со стартна цена од само 59.700 јуани односно 7.900 евра.

Класичните линии со типичните за кинескиот пазар декоративни елементи нема никого да соборат од нозе, ниту пак должината од точно 4 метри.

Затоа пак, како велат од Кина, немало компромиси со неговата практичност и тој може да се пофали со просторна кабина во која можат да се сместат пет патници.

Во внатрешноста се распоредени вкупно 26 места за одложување ситници, а во багажникот има место за дури 500 литри багаж, која двојно се зголемува со соборување на задната клупа.

Ентериерот изгледа модерно, а за погон се задолжени електромотор со 95 KS и водено ладени батерии од 37 kWh кои обезбедуваат автономија од 320 km.

Најинтересното во оваа вест е што Geely планира возилата од оваа марка во иднина да ги извезува, но не ги објавуваат плановите каде.

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV