СЛЕДЕТЕ НЀ

Инфо

Fisker Ocean ќе се произведува во Австрија

Американскиот Fisker со компанијата Magna International потпиша договор за производство на електричниот Ocean во фабриката Magna Steyr во австрискиот Грац.

Производството на овој SUV треба да започне во последниот квартал 2022 година. Договорот уште предвидува Magna да добие 6 отсто од акциите на Fisker.

Со тоа Fisker ги потврди своите најави од пролетва дека од 2022 година Ocean ќе биде понуден и на купувачите во Европа – на почетокот во Германија, Норвешка и Данска, а подоцна и во други земји.

Magna International ќе ја разгледа можноста Ocean кој ќе ја користи нивната платформа за електрични возила, во иднина да го произведува и во САД и Кина.

Според објавеното тој ќе располага со два електромотора со 306 KS и литиум-јонски батерии од 80 kWh кои ќе му обезбедат автономија меѓу 400 и 480 km.

Ќе биде понудена и посилна верзија на овој SUV долг 4,64 метри која од 0 до 100 километри на час ќе забрзува за околу три секунди.

Ocean во САД ќе чини доста примамливи 37.499 долари без пресметани субвенции, додека цената за Европа ќе биде соопштена дополнително.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Инфо