СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Fiat Pulse: градски кросовер за пазарот на Јужна Америка [видео]

 

Во конкурсот кој беше отворен цел месец, пошироката јавност бираше име за новиот градски кросовер на Fiat. Помеѓу Pulse, Tuo и Domo огромно мнозинство гласаше за Pulse.

Новиот градски кросовер на Fiat наменет за Латинскa Америка конечно го доби своето службено име. Новиот пулен на Stellantis-групацијата службено е наречен, Pulse.

Огромниот процент од дури 65% гласаше за Pulse, а останатите два предлога Domo и Tuo добија 25 односно 10% од гласовите.

Во континенталната борба која се води помеѓу Volkswagen Nivus и Honda WR-V, Fiat влегува со експресивен дизајн но и со помало меѓусокино растојание од директните конкуренти.

Растојанието од 2.532 mm сепак е поголемо од популарниот Argo, хечбек кој ужива голема популарност во Бразил.

Не случајно го споменуваме пазарот на Бразил, бидејќи тој е најголем на целиот континент, а Fiat ужива голема популарност токму во земјата на Кариоките.

Специјално за тој пазар е наменет и новиот трицилиндерски бензинец од 1.0 литри кој ослободува 120 КС и момент од 196 Nm и е спарен со автоматик со шст степенски преноси.

Основниот мотор е докажаниот 1.3 литарски бензинец со 109 КС (139 NM) кој се поврзува со малку архаичната менувачка кутија со пет степени или пак со безстепенски CVT менувач познат од споменатиот Argo.

Дали има шанси Fiat Pulse да го видиме во Европа? Тешко, според плановите на Stellantis за Стариот континент во таа класа се планирани, Peugeot 2008 и дуото Opel Mokka и Crossland.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот