СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Fiat 500 и Panda добиваат хибриден погон

Фиатовите градски модели Fiat 500 и Fiat Panda од февруари односно од март добиваат хибридни верзии (Mild Hybrid) кои, според потрошувачката и издувните гасови, ги исполнуваат најновите еколошки стандарди.

Ознака според која ќе се препознаваат хибридните модели на Fiat

FCA групацијата за прв пат се реши да вгради хибридна технологија во своите градски модели.

Ова е само еден сегмент од планот на Fiat за целосно електрификација на градската мобилност.

Според тој план веќе пред почетокот на летото на пазарот ќе му биде понуден целосно електрифицирана верзија на Fiat 500 со што ќе биде означен и почетокот на нова ера во 120 годишната историја на италијанскиот производител.

Сепак стратезите на Fiat, како економски прифатлив премин, се решија да понудат и верзии кои ќе комбинираат мотор со внатрешно согорување и електромотор.

За таа цел избран е новиот трицилиндерски мотор од серијата FireFly со еден литар работен волумен и максимални 70 КС (92 Nm), кој се комбинира со 12-волтна технологија која во Fiat ја нарекуваат BSG (Belt-integrated Starter Generator).

Внатрешноста на Panda Hybrid е изработена од рециклирана пластика

Специфика на оваа, во принцип Mild Hybrid, технологија се состои во таа што работи на напон од 12 волти, додека најчест пример кај останатите производители е работен напон од 48 волти.

Во споредба со класичниот погон, каде е вграден докажаниот 1.2 мотор (69 КС) од Fire-серијата, Mild Hybrid верзиите ја редуцираат потрошувачката односно емисијата на CO2 помеѓу 20 и 30% без притоа воопшто да изгубат од динамиката на возење.

Спецификите на новиот мотор вклучуваат компактна комора за согорување, високи всисни канали и надворешен EGR со што се обезбедува висок однос на компресија од 12:1.

Комбинацијата на алуминиумски легура и челик обезбедува многу ниски внатрешни триења како и вкупна тежина на моторот која изнесува рекордно ниски, 77 kg.

Трицилиндерски мотор со 70 КС од FireFly серијата

Принципот на функционирање на фиатовиот Mild Hybrid освен по напонот се разликува и по тоа што акумулираната електрична енергија во литиумската батерија (11 Аh) може да ја искористи и за движење на моторот.

Тоа се случува при полна батерија и брзина на возилото до 40 км/ч кога освен за движење, електричната енергија се користи и за погон на сите останати агрегати.

Се разбира тука е и основната функција за покренување на моторот при Start/Stop режим, но и потпомагање на бензискиот мотор при забрзувања.

Fiat 500 и Fiat Panda во хибридни верзии заслужуваат полно внимание, а списоците за порачки се веќе отворени,

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот