СЛЕДЕТЕ НЀ

Интересно

Ferrari SF90 Stradale како инспирација за патики

 

Puma и Ferrari имаат заеднички производ – патики со ознака ION F инспирирани од SF90 Stradale.

Фанатичните заљубеници во уличните болиди од Маранело ќе препознаат некои заеднички дизајнерски стилски елементи, а и некои делови од патиките се изработени од материјали употребени кај SF90 Stradale.

Таков на пример е задниот рефлектирачки панел опкружен со полиуретанска пена кој естетски е изведен да потсетува на предниот спојлер на хиперспортскиот автомобил.

Патиките чиј горен слој е направен од мрежест материјал доаѓаат со интегриран плетен чорап, а место класични врвки вграден е магнетен механизам.

За да нема никаква забуна, сето ова е зацементирано со црвената боја и логото со коњчето кое јасно става до знаење за што се работи.

За некласичните во понуда е и црна изведба, а може да се набават он-лајн во продавниците на Puma и Ferrari, по цена за Македонија од 410 евра.

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Интересно