СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Ferrari SF90 Stradale: За мерак на возачот „страдале“ илјада хибридни коњи (ВИДЕО)

 

За прв пат во својата историја Ferrari конципира PHEV (Plug-in Hybrid Electric Vehicle) возило, SF90 Stradale. Хипер спортистот на располагање има 780 механички и 220 електрични коњи.

Веќе 90 години сите искуства што Ferrari ги стекнува на тркачка патека, ги прелева во своите сериските модели. Поготово кога има посебна причина како што е тоа со 90-гидишнината од постоењето на Scuderia Ferrari.

За убавиот јубилеј во Маранело паднало одлука: патен Ferrari со округло 1.000 (и со букви: илјада) коњски сили. За задржување на врвните својства гарантира односот 1.57 kg/КС. При вообичаените за „ферари“ 250 км/ч, аеродинамиката притиска на задната оска со 390 kg.

Во Ferrari SF90 Stradale се вградува најсилниот V8 досега. Турбо моторот, со агол помеѓу цилиндрите од 900, испорачува 780 КС, а остатокот до илјада го надополнуваат трите електромотори. Два од нив се поставени на задната оска, поточно помеѓу моторот и новиот 8-степенски менувач, а третиот електромотор е поставен на предната оска.

Поврзаноста со технологијата од F1 се огледа во идентичниот принцип MGUK (Motor Generator Unit, Kinetic) на генерирање на електричната енергија. втората единица која генерира електрична енергија од топлинските загуби останува ексклузива само за екипата во формула.

Иако се чини дека управувањето со SF90 Stradale бара завршување на некој технички факултет, тоа е до крајни граници поедноставено. Возачот само бира еден од четирите програми за испорака на силината, а за распределбата на вртежниот момент, електромоторите и батеријата се грижи модифициран електронски менаџмент од F1-скудеријата.

 

 

 

 

текст: Агрон Сулејман

фото&видео: Ferrari

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот