СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Elektron Quasar: Дали Rimac добива конкуренција?

 

Електричниот хипер спортист на Elektron Motors има моќност од 2.300 КС, првата стотка ја фаќа за 1.65 секунди а максималната брзина му е електронски ограничена на 450  km/h.

Армаган Арабул (Armağan Arabul) по струка е електроинженер, а по занимање е конструктор на хипер спортски автомобили. Компанијата која ја води, Elektron Motors е со седиште во Франфурт на Мајна, што е одличен предуслов за снабдување со потребните компоненти.

Во неговите планови за равој на екстремен спортист кој ќе биде придвижуван со помош на електрична енергија, важен датум е месец мај 2020 година.

За тогаш беше планирано претставувањето на моделот Elektron One со вкупна моќност од 1.000 kW (1.360 КС). Но се случи пандемијата па сите планови беа одложени. За среќа амбицијата на Арабул ги победи непредвидливите состојби, па проектот беше продолжен, и тоа на уште повисоко ниво – се роди Quasar.

 

Технологија

Четири електромотори со вкупна силина од 2.300 КС се впрегнати во функција на растрчување на двоседот.

За пренос се грижат два менувачи со по два степени на пренос (ги испорачува ZF), а „комунистичката“ распределба на силината се одвива преку Torque Vectoring системот кој се грижи за праведност и правичност при распределба на вртежниот момент.

Резултатот е драма: 1.65 секунди се доволни за фаќање на првата трицифрена бројка, и максимум кој е електронски ограничен на 450 km/h. Ова и за болидите од Формула 1 е резултат кој лежи во доменот на посакуваното.

 

Рекорди

Дека бројкиве имаат и реална употребна вредност јасно кажува постигнатото време на патеката во Нирбургринг. Еден летечки круг е поминат во време од 5:10:118 минути што е за 9 секунди подобро од досегашниот рекорд кој го држеше Porsche 919 Hybrid.

Elektron Quasar е изграден, како што и приличи, со монокок шасија, употребени се екстремно лесни и цврсти легури, обликот е повеќе класичен отколку иновативен, а вкупната тежина е задржана на поволните, 1.500 kg.

Сериското производство е предвидено за 2023, а вкупната продукција е планирана на 99 единици. Цената е адекватна на погоре споменатите рекордни бројки: 2,2 милиони евра (плус давачки).

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот