СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

e-Bulli Concept: Хипик на струја

 

Volkswagen концептно ја најави реинкарнацијата на T1 Samba Bus од 1966, но сега со погон на струја. Истовремено соработниците од eClassics ќе понудат конверзација на T1 со идентична технологија.

За Хипи-движењето Bulli претставуваше животен стил. Новооткриена слобода без било какви ограничувања имаше симболи кои останаа врежани во колективниот дух на тогашната младина.

На големите рок-концерти одржувани под ведро небо, тој беше и превозно средство, и место за неколкудневен престој, и хотел и мотел, и сé што му беше потребно на целото друштво.

Времето немилосрдно тече, но некој во Volkswagen се сети на легендата и сега се опипува пулсот за евентуалниот интерес на купувачите за воскресување на некогаш екстремно популарниот модел.

А за да се остане оригинален, сега Bulli добива префикс „е“ што недвосмислено укажува на целосна електрификација на погонскиот склоп.

И случајно тоа е областа во која најголемиот светски производител интензивно работи, па неуморно вади нови и нови продукти кои не ја загадуваат животната средина. Такви примери се надоаѓачкиот ID.3 и идниот ID.BUZZ.

Кога е веќе така, да ги погледнеме спецификите на e-Bulli. Поради зачувување на оригиналноста, моторот и погонот се сместени на задниот дел од минибусот.

Литиум јонските батери со капацитет од 45 kWh, стандардно, поставени се на подницата, а кога се наполнети до врв гарантираат поминување до 200 километри.

Електромоторот од 82 КС има капацитет да го турне до максимални 130 км/ч (електронски ограничени).

Без претензии да споредуваме модели што се појавуваат со временска дистанца од 56 години, само ќе кажеме дека овие перформанси се неспоредливи во однос далечниот предок кој одамна има обезбедено место во куќата на славните.

Носталгичните лубители на марката ќе се израдуваат на внатрешноста која во потполност потсетува на оригиналот од 1966 година.

Употребата на композитните материјали е во служба на функционалноста, а најголема промена е поставувањето на менувачот, односно палка што игра улога на менувач (има само еден степен на пренос).

Во неа е сместена и позиција која ја одредува динамиката на регенерација на енергијата односно силината со која ќе забавува возилото при одземен гас или сопорање.

Европските купувачи кои ќе посакаат својот стар Т1 да го конвертираат во бесшумно возило со нулта емисија на госови, ја имаат можноста да се обратат до компанијата eClassic.

Нејзините експерти ќе го сменат погонскиот склоп, потоа ќе ги монтираат двете мулти линк оски, ќе ги постават батериите, односно на стариот модел ќе му вдахнат сосема нов дух. За таа операција eClassic побарува солидни 65К евра.

 

 

 

 

 

текст: Агрон Сулејман

фото: Volkswagen

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот