СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Dacia Duster и во пикап изведба

Додека сите погледи се свртени кон електричниот Spring, некому му е потребно и нешто попрактично.

Тоа добро го знаат во романската фирма Romturingia, која како и што се очекуваше, ја конвертираше и оваа генерација на Dacia Duster во пикап возило.

Со своите 4,34 метри Duster Pick-Up е за 2 сантиметри пократок од стандардниот теренец и има за 14 mm поголем клиренс, кој сега изнесува 224 mm.

Во единечната кабина има две седишта, просторот за багаж е долг 1,65 метри и има зафатнина од 1 кубен метар, а носивоста изнесува 500 kg.

Моторот е 1,5 литарскиот Blue dCi дизел со 115 KS и 260 Nm, менувачот е мануелен со шест степени, а погонот на сите тркала стандарден.

Стандардни покрај тркалата од 16 инчи се и предните и странични воздушни перници и Hill Start Assist, Hill Descent Control, ESP, ABS и EBD системите.

Достапен само во бела боја, цената на овој пикап во Романија изнесува прилично високи 22.500 евра, што е за 4.000 повеќе во споредба со моделот од кој е изведен. Најави за извоз нема.

Инаку, Romturingia е компанија специјализирана за преработки на возилата на Dacia во специјални изведби, најчесто амбулантни возила.

Пред неколку години тие преработија 500 примероци од првата генерација на Duster во пикап возила наменети за романската нафтена индустрија.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV