СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Dacia Bigster: Претставена сериска верзија

 

Со претставувањето на Bigster, Dacia одлучно зачекорува во европскиот Ц-сегмент. Моделот ќе се позиционира за цела класа над Daster.

Во рамки на Renault-Nissan концертот романскиот производител го живее својот златен период.

Во 2021 год. на чело на концернот е поставен Лука де Мео кој веднаш се зафаќа со работа.

Претставен е планот „Renaulution“ со кој се опфатени амбициозни планови и за Dacia. Во таа 2021 светот за прв пат го виде концептот на Dacia Bigster, SUV од Ц-сегментот.

Храбриот дизајн го носи потписот на шпанецот Алехандро Месонеро-Романос (Alejandro Mesonero-Romanos), кој веднаш потоа заминува во Alfa Romeo.

Со должина од 460 cm. Dacia Bigster влетува директно во срцето на SUV играчите во Ц-сегментот. Ако Daster со своите 434 cm. формално фигурира во истата класа, очигледна е предноста на Bigster.

Конструкција се базира на корпорациската CMF-B платформа која во „Low Specifications” варијанта веќе ја знаеме од третата генерација на Logan и Sandero.

Оваа модуларна платформа може да носи класични мотори, но исто така и електрифицирани погони. Самиот податок дека Bigster во продажба ќе се најде во 2025 година доволно говори дека најмалку ќе вози на плагин хибриден погон.

Пред појавувањето на Bigster, за 2024 година е предвидена новата генерација на Duster која ќе биде поставена на истата платформа.

Разликата помеѓу двата модела пред сé ќе биде во просторната понуда и комодитетот. Секако не помалку важен е новиот визуелен пристап како и припадноста кон повисоката класа која подразбира побогата опрема и поквалитени материјали.

Огромна свежина претставува радикално новиот визуелен јазик кој воедно ќе послужи како показател за идните модели на брендот. Околу изгледот не би коментирале повеќе освен можеби доминацијата на “Y”-лоните во светлосните групи на инаку остро извлечените рабови.

Без сомнение идните корисници ќе бидат горди на своите современи возила.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот