СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Dacia со ново лого

 

Како што беше најавено уште во јануари, Dacia има нов бренд-идентитет.

Романската марка го менува стилот на буквите со кои е испишано името на компанијата, а паралелно се воведува и ново лого.

Тоа е уште еден чекор во согласност со новата стратегија на работење поставена на почетокот на годинава, која од корен ги менува марката и нејзините производи.

Добра вест е дека од Dacia потврдуваат дека ќе останат верни на своите корени, дефинирани преку едноставноста, автентичноста и робусноста по фер цена.

Натписот на марката и самиот амблем кои ги имаат осмислено дизајнерскиот тим на компанијата ќе започнат да се воведуваат од половината на идната година.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот