СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Bugatti Divo: Хипер спортист со срце и душа (Видео)

 

Две години се потрошени за трансформација на Chiron во Divo. Предвидената количина од 40 примероци веќе е распродадена по цена од 5.4 милиони долари.

Bugatti Divo е конструиран да направи се што не може Chiron. Дали за „недостатоците“ на едена перфекција како што е Chiron навистина се потребни 2 години интензивен развој?

Или можеби инженерите со Divo му посакаа на новиот шеф, Стефан Винклеман само едно топло добредојде? Интересни се овие прашања за сите автомобилски влубеници кои на Bugatti гледаат како на врвна автомобилска забава за одбрано друштво кое не се вознемирува со ситници како што е на пример цената на чинење.

Но тие што може да си го дозволат, се претплатија на него уште пред две години кога концептот беше прикажан на Pebble Beach Concours. И сега со нетрпение чекаат на нивниот рачно изработен примерок.

Како и со секој примерок на Bugatti, веројатно и Divo повеќе ќе служи како колекционерски примерок отколку што со него среќниот ентузијаст ќе јуриша по некоја затворена тркачка патека.

Ако има некој таков „бугати“ – фан, токму тој ќе умее да ја напарави разликата помеѓу Chiron и Divo. Новото купе е за 35 kg полесно, но што е уште поважно, неговиот заден спојлер овозможува за 90 kg посилно притискање на задната оска (downforce).

Во овој податок се крие можноста за многу побрзо поминување низ брзите свиоци, иако максималната брзина (380 км/ч) може и да трпи поради тоа. Во секој случај, забрзувањето од мирување до 100 км/ч не надминува вредност од 2.5 секунди.

Кога ќе се сумираат сите бројки, повторно тешко ќе може да се оправда развојот потрошен на „нијанси“. Со оваа констатација никако не би се сложиле идните сопственици на Divo; за нив важат некои други критериуми помеѓу кои ексклузивноста и уникатноста немаат цена!

Згора на тоа, Винкелман во неговите први впечатоци забележа дека Divo претставува врвен хипер спортист кој поседува, и срце и душа!

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот