СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

BMW iX3: Првиот целосно електричен Баварец

 

Во очекување првиот електрично погонуван модел да биде Serie 3 или пак Serie 7, BMW соопшти дека уште годинава сериски ќе го понуди електричниот SUV, iX3.

BMW одлично се снаоѓа во SUV водите. Колку тоа им значи покажуваат со целосно електричниот iX3, кој го градат на истата платформа врз која лежи и нивниот бестселер, X3.

Додека сите очекуваа електрификацијата да започне со некој од лимузинските модели (i3 е засебен модел), во BMW одлучија тоа да биде еден SUV.

Трансформацијата на класичниот X3 во iX3, гледано од надвор се чини како сосема лесна операција. Со исклучок на ситни дизајнерски детали тие се идентични!

Зафатот се состоел од отстранување на моторот со внатрешно согорување а наместо него вграден е електромотор. Заедно со него доаѓа и сет од батерии со капацитет од 80 kWh кои се сместени во подницата.

При вакви суштински промени тежината е фактор без кој не може да се изгради никаква стратегија.

На таа позиција конструкторската математика покажала одличнии резултати. Електричниот модел тежи 2.185 kg што во однос на најтешкиот модел од линијата X3 M40d (2020 kg) е незначително зголемување.

Во поглед на димензиите (473 x 189 x 167)cm, разликите помеѓу класичниот и електричниот моел се сведени во рамки на 1 cm, додека меѓуоскиното растојание од 286 cm е идентично. Ова е уште една потврда на универзалноста на CLAR платформата која ја користат уште и Serie 3 и Serie 7.

Тоа што сите нетрпеливо го очекуваа се однесува на автономијата и брзината на полнење. Официјалните бројки говорат за капацитет на сетот батерии од 80 kWh од кои за погон се на располагање 74 kWh што е доволно за автономно движење од 460 километри. Приклучен на брз полнач од 150 kW, полнењето до 80% од капацитетот се врши за само 34 минути.

За погон BMW користи само еден електромотор со силина од 282 КС (210 kW) и момент од 400 Nm. Тој е поставен на задната оска, што дозволува да се претпостави дека и погонот ќе се одвива само на задната оска.

Максималната брзина е електронски ограничена на 180 км/ч а iX3 од мирување до 100 км/ч забрзува за 6.8 секунди.

Сите овие параметри во некоја идна „М“ изведба веројатно ќе бидат подобрени со едноставно вградување на уште еден мотор во предниот дел.

Како плод од соработката помеѓу BMW и Brilliance, iX3 ќе се произведува во Кина, и ќе биде првиот автомобил од корпорацијата кој ќе се извезува на Европскиот пазар.

 

 

 

тескт: Агрон Сулејман

фото: BMW

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот