СЛЕДЕТЕ НЀ
728x90

Во светот

Bentley EXP 100 GT: Луксузен GT директно пристигнат од 2035 година (видео прилог)

Bentley слави убав јубилеј, 100 години постоење. По тој повод британците изработија импресивен концепт на електричен спортски четирисед со кој јасно се трасира патот на идните модели на марката.

Луксузната мобилност дефинитивно има иднина. Во тоа не убедува славеничкиот концепт на Bentley кој е конструиран по повод стогодишнината од постоејњето на британската марка.

Во должина растегнат до 580 cm, EXP 100 GT делува и повеќе од импресивно. Згора на тоа и луксузната елеганција воопшто не и недостасува.

Поради екстремната должина, и единствената странична врата со своите два метра лесно може да обезбеди пристап до сите четири седечки позиции.

При такви пропорции нормално делува и податокот кој говори дека при отварање вратата досега до три метра височина.

Тука веднаш реагираат архитектите кои се бават со проектирање на автомобилски гаражи, но се чини тоа е неопходната жртвата која мора да се принесе на олтарот на оригиналноста.

Перфектен спој на природни и обработени материјали

Говорејќи за обликот, лесно е да се констатира дека секој Bentley има препознатлива нота на луксузна маркантност. Но пропорциите, обликот и материјалите употребени овде јасно ни предочуваат дека сепак станува збор за модел од иднината. Само како куриозитет ќе ја споменеме употребената боја која е изработена од рециклирани оризови лушпи.

За употребата на природни материјали и композити со врвна завршна изработка, никој посебно не се возбудува – тое во Bentley е принцип кој се почитува еве точно 100 години. Вкупната тежина од 1.900 kg (заедно со сетот батерии) јасно говори за инженерската посветеност.

Да се вози или да се биде возен

Можноста за автономно управување на возилото е реална и во денешно време, па таа можност воопшто и не би требало посебно да се истакнува.

Но секако ќе треба да се истакне опцијата која овозможува возачот сам да управува. Тогаш до израз доаѓаат четирите погонски електромотори со заеднички вртежен момент од 1.500 Nm!

Ете одговор како може Bentley EXP 100 GT да ја фати првата стотка за 2.5 секунди, и така да забрзува се до 300 км/ч.

Во техничкиот опис стои дека со едно полнење на батериите возилото ќе може да помине до 700 км, а повторното нивно оживување (до 80%) ќе трае само 15 минути.

Се разбира, овде се рачуна со фактот дека новите генерации на батерии освен што ќе имаат и многу поголема енергетска густина, истовремено ќе бидат и полесни.

Bentley EXP 100 GT во мометов не може да се произведува сериски, но тој е одличен показател на правецот по кој ќе се движи развојот на лускзуниот британски бренд.

Дали притоа ќе успеат да ги спојат традицијата и иновативноста, луксузот и екологијата, индивидуалните возни искуства и автономното управување, … тоа се прашањата на кои одговор дава токму Bentley EXP 100 GT.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот