СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Audi S1 Hoonitron Concept: Само за Кен Блок

 

Audi го претстави S1 e-tron Quattro Hoonitron, спортски електричар кој е наменски произведен само за промотивни видеа кои ќе ги продуцира Кен Блок.

Кен Блок ја менува серијата Gymkhana со Elektrikhana. Се во служба на современите трендови, … и промоција на новите технологии!

Светски познатиот мајстор на дрифт возењето кој се прослави со импресивни видео прилози каде што ги прикажува своите врвни вештини со екстремно тјунирани рели возила, сега се префрла на електричен погон.

За таа цел, и со негова несебична помош, развојниот тим на Audi со кој раководи Марк Лихте, навраќајќи се на рели корените на брендот, разви адекватна направа со која имаат напера да ги промовираат спортските капацитети на своите електрични возила.

Два електромотори со изобилство на силина ги придвижуваат двете оски, а за останување на каросеријата во едно парче се грижи цела дузина на безбедносни системи.

Технички детали не се соопштуваат, но лесно е да се претпостави дека шасијата изработена од карбонски влакна во комбинација со огромниот вртежен момент ќе обезбедат врвни перформанси.

Самиот кен Блок, кој активно учествувал во проектирањето на возилото, вели дека е чудно чувството на префрлање од спортисти со класични мотори во електричар кој за миг дистигнува 150 км/ч, и тоа само со употреба на десното стопало.

Импресивниот концепт, кој го потпишува екипата на Audi Sport од централата во Некерсулм каде што и ќе се произведува, е дизајниран во Audi Design во Инголштат.

Вообичаено од првите цртежи до изработка на моделот се потребни година до година ипол, но притиснати од тесната временска рамка Audi S1 e-tron quattro Hoonitron е изработен за само четири недели.

Очекувањата од соработката на Audi и Кен Блок се многу оптимистички. Филмот со „лудориите“ е веќе во продуцентски раце, а резултатите од нивниот ангажман со нетрпение ќе ги очекуваме.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV