СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Audi A3 Sedan: Компактните три волумени на Audi

 

Новата „тројка“ на Audi повторно доаѓа и со одделен багажник. И покрај скромниот пораст на димензиите, тој нуди повеќе простор но и цела низа технолошки подобрувања.

Се што го краси новиот Audi А3 хечбек е присутен и кај седанската варијанта. Плус и зголемен багажник во кој можат да се сместат предмети со габарит до 425 литри.

На дело повторно стапува познатата фолксвагенова школа – идентична платформа се користи за различни модели. Дали ќе се именува како Jetta, Octavia или А3 Sedan, се едно.

Иако изградени врз идентична платформа и со куп заеднички компоненти, сепак постојат и разлики помеѓу групациските близнаци. Најмалиот седан на Audi покажува припадност кон повисокото автомобилско друштво. Во тој дух се употребените материјали, дизајнот, конципирањето на опремата, па и повисоката цена!

 

Непроменети димензии

Должината од 4.5 метри е идентична со првата генерација, исто како и меѓуоскиното растојание од 2.643 mm. Благите промени на внатрешната архитектура ветуваат порационално искористување на внатрешниот простор, но сепак во тој дел не може да се очекува позначаен продор.

А тие ги има во надворешноста која сега е во склад со поголемите браќа. Вредноста на аеродинамичниот отпор cW од само 0.25 јасно говори за напорот на конструкторите. Активната маска на ладилникот, обработената подница, ретровизорите, даваат придонес кон една од најдобрите вредности во класата.

Кај сите верзиии на лимузинскиот A3, инструмент таблата е виртуелна, а големината зависи од нивото на опрема. Од вградената опрема посебно внимание привлекува можноста за автоматско намалување на брзината при наидување на препреки.

Тое е овозможено од комбинираното дејство на темпоматот и навигацијата кои се поврзани во единствен систем, CAR to X. Самостојното сопирање и останатите безбедносни уреди овозможени од двата вградени радари, ги има и кај поефтините конкуренти.

 

По еден бензинец и дизел за старт на продажбата

За старт на продажбата обезбедени се по еден бензинец и дизел мотор, и двата со идентична силина од 150 КС. Заедничко им е што имаат турбо надполнење, по 4 цилиндри, а разликата е во зафатнината – бензинецот 1.5, а дизелот 2.0 литри.

Можноста за избор на трансмисија се стои од по еден манеулец со шест и автоматик со седум степени на пренос. Во комбинација со  7DSG менувачот доаѓа и mild hybrid технологија која работи на 48 волти, а тука е и системот за регенерација на енергијата. Со нејзино вградување се добива, во просек, по 0.4 литри помала потрошувачка.

Во подоцнежната фаза ќе биде понуден и трицилиндерски бензинец од 1.0 литри, со можност да се комбинира со автоматски менувач и споменатиот хибриден систем што ќе претставува склоп кој до сега не сме го сретнале. И на крајот за цените: во просек тие ќе бидат за илјада евра повисоки во споредба со претходникот.

 

 

 

текст: Агрон Сулејман

фото: Audi

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот