СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Aspark Owl: Најдоброто автомобилско забрзување на планетата

 

Со забрзување до 100 км/ч од само 1.72 секунди јапонскиот електричен хипер автомобил најдобро забрзува од сé што досега е произведено.

Роден е првиот јапонски хипер спортски автомобил. Aspark е нова компанија која уште пред три години концептно го претстави Owl, напреден електричен автомобил со изразени перформанси.

Бројни компании го прават истото но кога доаѓа моментот на сериско производство одеднаш проблемите им го уништуваат почетниот ентизијазам.

Истото се мислеше и за новата јапонска компанија, но минатата година на Dubai International Motor Show беше прикажана продукциската изведба која сега е подготвена за испорака на првитe купувачи.

Во меѓувремено амбициозната компанија предводена од извесен г-дин Јошида додатно се засили со квалитетен инженерски кадар, и се упати кон патеката во Мисано каде што ги изврши сите тестирања.

Тие само го потврдија претходно најавуваното: Owl првата стотка ја фаќа за 1.72 секунди. Подобро од тоа не можат ниту болидите од Формула 1.

Заслугата за рекордниот резултат првенствено припаѓа на четирите електромотори со вкупна силина од 1.984 КС и вртежен момент од 2.000 Nm.

Во овој контекст треба да се спомене и вкупната тежина која е задржана под два тона (1.900 kg), како и одличната аеродинамика. Спецификите продолжуваат со височина од  99 сантиметри и специјални пневматици од Michelin Pilot Sport Cup едицијата.

Како што и приличи на светските рекордери, Aspark Owl ќе биде произведен во лимитирана серија од само 50 примероци за кои сопствениците ќе треба да избројат по 3,43 милиони долари.

И после јапонците ќе бидат виновни што единствените достојни конкуренти, Lotus Evija и Rimac C_Two доцнат со сериската продукција.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот