СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Интересно

Што да се одбере – специјална боја за нов Porsche или стан?

 

Споредбата можеби се чини бизарна, но понудата на германскиот производител вклучува и такви опции.

Една од нив е изборот на посебна боја како дел од персонализацијата од Exclusive Manufaktur Porsche програмата.

Токму таква боја има автомобилот што го гледате на сликите, за кој еден американски трговец бара скоро 100.000 долари повеќе од редовната цена.

Наречена е Urban Bamboo и е од палетата Chromaflair бои на Porsche кои се препознатливи со суптилното менување на нијансата во зависност од аголот на гледање.

Точна цена за нив не постои бидејќи секое поединечно барање на купувачот посебно се разгледува и секоја нарачка има друга вредност.

Од порано се имаат појавено вести за автомобили со бои од оваа палета продадени низ Европа за кои е доплатено меѓу 80.000 и 90.000 евра.

Прашањето околу исплатливоста на вакво нешто, нема да го поставуваме.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Интересно