СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Интересно

Транспортери со педигре

 

Комбинираните превозни средства се исклучително вешти во превозот на патници или роба. При таква практичност многу малку внимание се посветува на естетиката, … но, почекајте да видите што предлага рускиот дизајнер Никита Аксионов!

Комбињата како да се осудени само на работа. Никој не обрнува внимание на нивната естетска димензија. Добро, скоро никој. Во Русија живее, и на фотошоп црта извонредни возила, познатиот уметник, Никита Аксионов.

Во моменти на напад на инспирација, уметникот се сетил да изработи дигитални скици на комбиња, и тоа од брендовите кои во својот производен програм немаат ништо слично на тоа.

Така настанале предлозите за транспортни возила за Alfa Romeo, Audi, BMW, Infiniti, Lexus, MINI, Porsche, Skoda и Subaru. При креирањето на транспортерите, Аксионов не обрнува внимание само на карактеристичните естетски детали туку и на механичките својства според кои ги познаваме овие брендови.

Како сето тоа изгледа погледнете ги фотографиите дадени подолу, со таа разлика што реалните производители на транспортери како што се Mercedes-Benz, Volkswagen, Peugeot, Renault, Fiat, … не се опфатени со идејните проекти на Аксионов.

 

AUDI Transporter

 

BMW Transporter

 

INFINITI Tansporter

 

LEXUS Transporter

 

MINI Kamionet

 

PORSCHE Transporter

 

SKODA kamionet

 

SUBARU Transporter

 

ALFA Transporter

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Интересно