СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Тешка но неопходна одлука

 

Управниот одбор на Groupe Renault одобри потпишување на спогодба за продажба на сите акции кои ги поседува во Renault Russia.

Пандемијата предизвика огромни промени во географијата на производните погони. Тоа како да не беше доволно, па сега воената акција на украинска територија додатно ги драматизира состојбите.

Директно или индиректно се погодени речиси сите субјекти кои се поврзани со производството на компоненти за автомобилската индустрија.

Посебно оние кои имаа заеднички вложувања со руските компании. Француската групација Renault поготово.

На рускиот пазар под ознаките на групацијата Renault Russia излегуваат на улица речиси третина од сите новопродадени возила.

Под притисок на санкциите и недостатокот на компоненти беше за очекување дека групацијата Renault ќе претрпе драматични организациски промени.

Во обид за спасување на тоа што сеуште може да се спаси, Управниот одбор на Groupe Renault едногласно го одобри потпишувањето на спогодбата за продажба на сите акции од Renault Russia на косопственикот, градот Москва.

Исто така, уделот од  67,69% во инситутот за истражување и развој на автомобили и мотори НАМИ да отидат на контото на AvtoVAZ. За извршените трансфери Управниот одбор не поставил никакви услови.

Според постигнатата спогодба, во текот на следните шест години Renault може да го откупи својот удел во AvtoVAZ. Првиот човек на Renault, Лука де Мео, изјави дека е донесена тешка но неопходна одлука одговорно да се постапи кон сите 45.000 вработени во Русија.

Како што беше порано најавено, спогодбата е направена со неготовинско ускладување во износ на сметководствената вредност консолидирана од нематеријален имот, недвижнини, производствените капацитети и опрема на групацијата која ќе биде евидентирана со резултатите за првата половина за годинава.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот